Обновен лектирниот фонд за учениците во средно образование

НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид пред почетокот и на оваа учебна година се потруди да го збогати и осовремени книжниот фонд со лектирни изданија.

Старите и амортизирани книги заминуваат во депото на библиотеката а со новата набавка не само што е извршена нивна замена , туку и бројот на примероците е далеку поголем за повеќе ученици одеднаш да можат да го прочитаат бараниот наслов.

Од новата понуда на старите, добри наслови ги издвојуваме:

Злосторство и казна од Достоевски , Декамерон од Бокачо, Граванот од Е. А. По, Сон на летната ноќ од Шекспир, Избрани раскази од Чехов, Страданијата на младиот Вертер од Гете и македонските Црно семе од Ташко Георгиески и Парадоксот на Диоген од Томе Арсовски.

Издавачи на овие книги се: Матица македонска, , Мисла и Македонска книга и Панили.

Потсетуваме дека годишната членарина за ученици е 200 а за возрасни 300 денари.

Работното време на пултот за издавање од понеделник до петок е од 8 и 30 до 18 и 30 часот.

НУ Библиотека

Close