Туристичкиот сектор ќе се дигитализира

На седницата Владата ја усвои информацијата за креирање, реализација и имплементација на соодветен информациски систем за дигитализација на туристичко-угостителскиот сектор е-туризам.

Според Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, целта на овој информациски систем за дигитализација на дел од услугите во овој сектор е креирање национална дигитална алатка за собирање податоци на давателите на услуги за сместување и нивните сместувачки капацитети на територијата на државата, како и да се врши пријавување и одјавување на туристи од страна на давателите на услуги за сместување преку интернет.

Дополнително платформата е-туризам ќе нуди можност да врши утврдување и контрола на даноците врз основа на пријава и одјава на туристи и податоци за индивидуални сместувачки капацитети, како и известување за статистичките податоци во реално време на дневна основа или со интервал не повеќе од 24 часа, информираат од владината прес-служба.

Close