Охриѓанката Викторија заработува од дома благодарение на германскиот јазик

Потрагата по добра работа е вистински предизвик за секој млад човек. Недостигот на работни места по струка, ниските плати и несоодветните услови за работа се дел од проблемите со кои се соочуваат илјадници млади од охридскиот регион. Но, денес наместо за проблеми ќе пишуваме за успешни приказни кои не само што се возможни туку и се случуваат во нашиот град!

Една таква успешна приказна е таа на Викторија Мишева од Охрид која веќе една година работи како Агент за корисничка поддршка за најголемата светска компанија за кориснички услуги – Телеперформанс. Наместо од канцеларија, Викторија која е мајка на две мали дечиња, своите работни активности ги извршува од својот дом, а истото го прават и дваесетина нејзини колеги кои се дел од големото семејство на „Телеперформанс“ во Охрид.

Работата ја добила случајно

Викторија Мишева: “Работата во Телеперформанс ја добив сосема случајно кога аплицирав на еден оглас што го видов на интернет и уште следниот ден ме контактираа од компанијата и веќе имав разговор за вработување. Потоа веднаш бев примена во големото семејство на „Телеперформанс“.

Оттогаш таа се чувстува мотивирано и исполнето, а ни откри дека можностите во компанијата се бесконечни кога го работите тоа што го сакате.

Потребен ви е само германски јазик

Викторија Мишева: “Единствениот услов што треба да го исполните е одлично познавање на германскиот јазик, а за сè останато ќе се погрижи Телеперформанс со одличниот тренинг кој ќе ве подготви за целата работа. Целата опрема за работа ја обезбедува компанијата, што значи дека единственото нешто што ви треба е познавањето на германскиот јазик и вашата мотивација”, вели Викторија која благодарение на можноста за работа од дома поголемиот дел од своето слободно време им го посветува на двете прекрасни ќеркички.

Највисока плата и врвни услови за работа

Викторија Мишева:  “Во Телеперформанс сум нешто повеќе од една година, а со текот на времето компанијата ми овозможи да се надоградувам со повеќе знаења на најразлични области. Воедно, ја имаме највисоката плата на пазарот.”

„Нескромно би рекла дека ова е една од најдобрите одлуки што сум ги направила во мојот живот“, вели Викторија нагласувајќи ја одличната работна атмосфера, константната поддршка од надредените и пријатните колеги како нешто што уште веднаш ќе го забележите во Телеперформанс.

За крај, нејзината порака за сите што го зборуваат германскиот јазик е да не се двоумат и да дојдат во „Телеперформанс“ бидејќи ова е компанија каде добрата работа дефинитивно се цени и наградува.

Зборуваш германски и сакаш да работиш од дома за „Телеперформанс“?

Дојди да се запознаеме на Денот на отворени врати во четврток (16-ти септември) од 09:00 до 18:00 часот во Hotel City Palace во Охрид и искористи ја уникатната можност да добиеш специјален почетен бонус од 350 евра и работа од твоите соништа во Телеперформанс! Ако не успееш да дојдеш, пријави се на www.TPSkopje.com/opendoors и ќе бидеш контактиран од тимот на Teleperformance за онлајн интервју.

#WelcomeToTP #GreatPlaceToWork

Close