Тропската бура Николас се приближува кон Тексас

Тропската бура Николас вчера помина низ Мексиканскиот Залив и се очекува да го погоди брегот на Тексас вечерва или утре изутрина, две недели откако ураганот Ида ја опустоши Луизијана, објави Гласот на Америка.

Се прогнозираат високи бранови и големи поплави, а во Тексас се очекуваат и до 50 сантиметри дожд.

Николас е 14-та бура во оваа сезона на урагани од Атлантикот.

Националниот центар за урагани соопшти дека Николас поминал покрај брегот на Тексас, каде што има голем број нафтени постројки.

Се очекува да прерасне во ураган од тропска бура, и да добие сила поради топлата вода во Мексиканскиот Залив. Моментната прогноза е дека би можел да ја погоди областа меѓу градовите Корпус Кристи и Галвестон, а издадено е предупредување за големи поплави во околината на Хјустон.

Поројни дождови се очекуваат и во Луизијана, која се уште се опоравува од ураганот Ида. Гувернерот на таа држава, Џон Бел Едвардс повторно прогласи вонредна состојба.

Од ураганот Ида, кој го погоди североисточниот дел на САД, загинаа 50 луѓе.

 

извор/фото: агенции

Close