Мизо за NEWS1: Состојбата во автомобилската индустрија во Европа е во надолна линија, овие состојби дирекно влијаат на нас, имаме евидентен пад помеѓу 15-30% споредено со планот за 2021

Пандемијата ја забави автомобилската индустрија. Кризата „тропна“ на вратата од овој сектор. Првиот човек на Костал Македонија, Виктор Мизо за NEWS1.MK вели дека состојбата во автомобилската индустрија во Европа веќе неколку месеци по ред е во надолна линија. Штотуку објавените статистики за продажба на автомобили во најголемите Европски пазари – Германија, Франција и Велика Британија за Август 2021 покажуваат пад помеѓу 15-25% споредено со Август 2020. Дополнителен поразителен факт е што продажбата на возила во Германија овој Август е на најниско ниво од 1992.

„Овие состојби дирекно влијаат и врз работата на компаниите – добавувачи од автомобилската индустрија во Македонија. Веќе е евидентен пад помеѓу 15-30% споредено со планот за 2021, а за месеците август и септември падот е уште поизразен. Проблемот со недостаток на чипови од Азија, дополнителните трошоци поради зголемените цени на репроматеријали и транспортни трошоци, како и честите ситуации на престанок или намалување на обемот на работа на автомобилските компании во Европа креираат многу предизвици околу организацијата на производството. Последните изјави на извршните директори на Daimler, VW I BMW се дека кризата ке продолжи до 2023, иако можеби не со ист интензитет. Заради сето ова во Костал веќе започнавме со адаптација на искористувањето на капацитетите и оптимизирање на работата – дел од времето се користи за дополнителни обуки и подобрување на вештините на вработените, користење на годишни одмори и сл. Ја следиме ситуацијата внимателно бидејки бројките се менуваат на дневно ниво за да постапиме соодветно на барањата на клиентите, но и да обезбедиме суровини за непречено производство“, истакна  директорот на Костал, Виктор Мизо за NEWS1.

Close