Уписи за есенскиот циклус на програмата БРЕИНОБРЕИН

Привршуваат уписите во есенскиот циклус во Центарот за развивање на животни вештини БРЕИНОБРЕИН Црвен крст Охрид за деца од 4-14 годишна возраст заинтересирани да ја следат интернационалната
Бреинобреин едукативна програма.

Драги Родители, ако сакате Вашите деца да ги стекнат, развиваат и потврдуваат способностите за
концентрација, меморија, нумерички и вербални вештини, способности за учење, креативност и имагинација, лидерство, самодоверба, визуелизација, решавање на проблеми, тогаш Ве очекуваме на вистинското место за тоа, во Центарот за развивање на животни вештини БОБ-Црвен крст Охрид.

Уверете се во уникатните, проверени и ефикасни техники и вештини имплементирани од високо
професионални тренери со искуство во работа со деца и обучени според меѓународните стандарди на оваа
програма, кои преку техниките Абакус Ментална Аритметика (АМА) и Неуро Лингвистичко Програмирање
(НЛП) ќе помогнат Вашите деца да достигнат развој и целосно искористување на мозочниот потенцијал и да
бидат спсобни да ги користат двете хемисфери на мозокот, подеднакво и ефикасно.

За детални информации, Ве покануваме на отворениот ден за Бреинобреин програмата во Црвен крст Охрид на 11 септември, сабота од 10-12 часот.

Close