Путин: ЕУ води дискриминаторска политика кон Крим

Рускиот претседател Владимир Путин денеска имаше телефонски разговор со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел и истакна дека ЕУ продолжува да води дискриминаторска политика во однос на Крим.

Прес-службата на Кремљ соопшти дека Путин ја нагласил провокативната природа на иницијативата на украинското раководство да се одржи таканаречен „самит на врвот” на „Кримската платформа”, и покрај фактот што прашањето за враќање на Крим на Руската Федерација е финализирано уште во март 2014 година.

Во овој поглед, вниманието го привлекува фактот дека Европската унија продолжува да води дискриминаторска политика кон луѓето од полуостровот, се наведува во соопштението.

 

извор/фото: агенции

Close