Георгиески: Да ни е среќен и вековит празникот 8-ми Септември-Денот на независноста

Денес се заокружуваат 30 години, кога сонот на многу генерации Македонци стана реалност, со прогласувањето на независноста на нашата Татковина. Период кој беше исполнет со многу искушенија, тешкотии и закани, но исто така и период во кој недвосмислено ја потврдивме нашата цврста определба да изградиме, демократска и просперитна Македонија. Ден кој не потсетува на предизвиците кои сме ги надминале и на вечниот стремеж за сопствена држава.
Денес нашата држава е етаблирана како стабилна, со постојано надградување на демократските капацитети, а уверен сум дека граѓаните на Охрид како столб на македонската историја и култура, ќе го дадат својот несебичен придонес за просперитетна иднина на сите граѓани. Да ни е среќен и вековит празникот 8-ми Септември-Денот на независноста, пишува градоначалникот во ФБ објавата.
Close