OK ВМРО ДПМНЕ со Честитка за 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид упатува искрени честитки по повод празникот 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија.

Пред 30 години храбро и решително на 8 Септември 1991 година македонскиот народ го оствари вековниот стремеж за суверена и независна Република Македонија.

Македонија и македонскиот народ најмалку заслужуваат антидржавни и антинационални политики преку тргување со највисоките државни и национални интереси. Борбата за Македонија никогаш не запира, а нашата генерација има аманет обнова на Македонија и Македонија за сите луѓе.

Македонија мора да ја направиме економски силна, здравствено сигурна и развиена држава, додека пак Охрид подобро и попријатно место за живеење на сите.

Честит и вековит 8 Септември – Денот на независнота на Македонија!

Силна и вечна Македонија!


Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид

Close