(ФОТО) Ангелов: Членовите на ПСС на местото на пожарот на Галичица пронашле шрапнел, не сакам ниту да помислам што можеше да се случи

Членовите на Планинската спасителна служба од Охрид, на местото на пожарот на планината Галичица, во областа над шумата каде до пред некој ден гореа трева и грмушки, пронашле шрапнел од засега непознато експлозивно средство најверојатно артилериска граната останата од првата светска војна, со поголем калибар, напиша на својот Фб профил Стојанче Ангелов в.д. директор во Центарот за управување со кризи.
Ангелов во објавата додава:
Не сакам ниту да помислам што овој шрапнел може да му направи на човек или хеликоптер кој во моментот на експлозијата би се нашол во нејзина близина.

Close