Во внатрешноста на гробницата во Египет стара 4.400 години

Гробницата стара 4.400 години што беше откриена на почетокот на овој месец во Сакара, на 30 километри од Каиро, вчера официјално беше претставена на јавноста.

Гробницата припаѓала на племето Khuwy од времето на петтата династија на стар Египет. На ѕидовите се нацртани шарени релјефи и добро сочувани натписи.

Археолозите успеале да ги идентификуваат отпечатоците на сликарите на гробницата.

На церемонијата на отворањето присуствувале 52 странски амбасадори и културни аташеa.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close