Расте бројот на жртви во торнадата во САД

Најмалку осум лица, меѓу кои и три деца, загинаа во торнадата што ги погодија јужните држави на САД.

Силни бури ги погодија американските сојузни држави Тексас, Мисисипи, Луизијана, Арканзас и Џорџија, а повеќе од 90.000 луѓе останаа без струја.

Претставник на локалните власти во североисточниот дел на Мисисипи изјави дека по налетот на торнадо на тоа подрачје, 19 луѓе се хоспитализирани, од кои две лица се во критична состојба.

Во близина на Монро 13-годишно дете се удавило во канал после поплава.

Во источен Тексас загинале две деца кога едно дрво паднало врз автомобилот во кој се наоѓале, соопшти канцеларијата на шерифот на тој округ. Родителите, кои биле на предните седишта не биле повредени.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close