Стевче Стевоски ги собра потписите, но преку приговор до ДИК обелоденува неправилности во собирањето на друга независна листа

Стевоски Стевче ги собра потребните потписи за независна советничка листа за престојните локални избори, но тој пет дена подоцна обелоденува дека испратил приговор до Државна изборна комисија и ОБСЕ ОДИХР -Скопје.

Приговорот на Стевоски ви го пренесуваме во целост:

ДО
Државна изборна комисија и ОБСЕ ОДИХР -Скопје
(доставено по меил на ден 31.08 2021 г)

ПРИГОВОР

Поради:Начинот и постапката на собирање потписи на независна советничка листа ..Охрид пред се .. за престојните локални избори 2021 година кој е во спротивност на Изборниот законик чл 63став 2 и чл 31 ст2 точка 2 и 44 и Правилник за регулирање на постапката за собирање на потписи чл 1.т2.чл 4 т1.чл 5т2и чл 5 т3

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

На ден 21.08 2021 година од 08-20 часот пред ДИК со седиште во Охрид беше во тек постапката за собирање потписи од избирачите од независна советничка листа Стевче Стевоски при што добив поплака од повеке избирачи дека од страна на НН лице одземена му е личната карта и чека пред седиштето на општината со поголема група на луге на кои исто така му се одземени личните карти,биле повикани и ставиле потписи пред лице кое се вика Тони Чинго кој му ги вратил личните карти по што си заминале.

Се упатив пред ДИК Охрид во предпладневните часови околу 11 часот каде побарав увид во списокот на независна листа Стевче Стевоски и констатиравме дека лицата кои дошле да го дадат својот потпис за мојата листа ,ги нема во водениот список по што одговорното службено лице од ДИК потврди дека истиот е впишан на листата од Охрид Пред СЕ , а на прашање ЗОШТО од истата добив одговор дека личните карти од избирачите му ги доставува лицето Тони Чинго на што предупредив дека е тоа спротивно на Изборниот Закон и Правилникот за собирање потписи.
Од страна на одговорното лице од ДИК ми беше кажано дека сега истото лице ќе го стави на мојот список со нејзин потпис што и го направи со напомена ..да не се бунам.. бидејки Тони Чинго е голем афторитет.

Поради истото останав во ходникот и кругот на општина Охрид каде го следев начинот на собирање потписи од независната советничка листа.. Охрид пред се..каде бев присутен до 13 часот при што констатирав голем број неправилности при собирањето потписи и тоа:

Избирачите кои сакаа да се потпишат на листите од страна на НН лица им беа одземани личните документи а откако ке собереа лични карти просек 10 до 20 ги даваа на неовластеното лице Тоно Чинго кој преку шалтер ги доставуваше до овластено лице на ДИК а по впишувањето на личните податоци од личните документи ,овластеното лице списокот и личните документи ги вракаше на Тони Чинго кој спротивно на Законот го утврдуваше идентитетот на избирачот каде спротивно на закон избирачите ставаа свој потпис пред Тони Чинго и така тоа траеше во мое присуство до 13 часот кога и заминав од пред ДИК Охрид.

Неспорен е фактот дека собирањето потписи од независната советничка листа ,,Охрид пред се ,, не се собирани пред службени лица на ДИК,потписите се собиран надвор од службените простории односно давањето личен документ започнува надвор од службената просторија и пред неовластеното лице Тони Чинго кој не е вработен во ДИК,како и фактот дека идентитетот на граганинот кој се потпишувал го вршело неовластено лице Тони Чинго,за што приговарам а ДИК да постапи согласно одредбите на Изборниот закон.

Подносител

Носител на советничка листа Стевче Стевоски
НАРОДНО УЧЕНИЕ: ::Охрид пред се,,: ја мена бојата и кожата но не и навиката од изборни манипулации од досегашното нивно учество во власта со СДСМ.

Close