МЗ Враништа повторно најавува протест за добивање каналиација

Петок 3.09 Месната заедница од село Враништа, струшко најавува протест за како што велат добивање канализација и обнова на водоводната мрежа на ова населено место кое се наоѓа на само 2км оддалеченост од Струга.

Протестот ќе се одржи кај месноста “Шумски мост” со почеток од 16-17 часот.

И претходно мештаните од Враништа организираа протести со блокирање на регионалниот патен правец Струга- Дебар, барајќи ги истите права кои им следуваат како и на останатите. Засега надлежните остануваат и понатака глуви на ваквите барања, но Враништани не се откажуваат, доследно ќе го бараат она што треба да го имаат.

 

Close