Маж падна помеѓу Канео и Лабино, со тешки телесни повреди пренесен во болница

На 13-ти април 2019 година, околу 13:30 часот, во СВР Охрид било добиено телефонско известување дека паднал маж на непристапен терен на потегот помеѓу Лабино и Канео во Охрид.

– Полициски службеници од езерската полиција, со пловен објект пристигнале не местото при што, констатирале дека се работи за 57-годишниот Д.А. од Охрид. Тој е пренесен до месноста „Грашница“ од каде со возило на Брза помош е пренесен во болницата „Св. Еразмо“, каде му се констатирани тешки телесни повреди, информираат од МВР.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close