Паднаа Фејсбук, Инстаграм и Ватсап

Од утрово на корисниците не им се достапни услугите на социјалните мрежи Фејсбук, Инстаграм и Ватсап. Се работи за глобален проблем, бидејќи пријави за проблеми доаѓаат од целиот свет.

Британски „Сан“ пренесува дека се работи за голема системска грешка, но засега не се соопштува точно за каков проблем станува збор.

Ова е втор голем пад за компанијата „Фејсбук“ откако пред само еден месец имаше големи прекини во работата на овие мрежи, иако тогаш менаџментот тврдеше дека не станува збор за хакерски напад.

„Фејсбук“ и „Инстаграм“ воопшто не може да се отворат, а не се праќаат и примаат ниту пораките на „Вотсап“.

 

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close