(ВИДЕО) Бункерите во Албанија во интерес на туризмот – бункер за подморници претворен во туристичка атракција

Илјадници бункери кои ги изградил албанскиот комунистички диктатор Енвер Хоџа во Албанија добиваат нова намена, од ресторани на плажа до мини хостели, а најновата атракција е Бункерот за подморници кој е претворен во туристичка атракција.

Огромен бункер за чување подморници кој се наоѓа во близина на градчето Химаре на Јонско Море во Албанија стана туристичка атракција. Туристите со пловила влегуваат во објектот кој е со огромни димензии. Овој воен објект е граден со пари на Кина, а проектиран е од кинески инженери во седумдесетитте години од минатиот век. Го граделе политички затвореници , од кои многу загина додека се градел објектот, објави NEWS1.al.

Од 1960 до 1985 година, албанскиот сталинистички диктатор Енвер Хоџа наредил подигање на 750.000 такви бункери, параноично стравувајќи од инвазија од страна на НАТО. Денес Албанија веќе нема потреба од бункери за воени цели. Но, експертите сметаат дека тие треба да се сочуваат, па дури и да им се покажуваат на туристите заинтересирани за комунистичката историја на земјата, со што би се обезбедил дополнителен приход за државната каса.

Најпрепознатлив мега-бункер се наоѓа во близина на Тирана, во селото Линца. Направен од 8.000 тони бетон и 4.000 тони челик, тој бил изграден така за да издржи нуклеарен удар и во случај на војна да го заштити политбирото на Комунистичката партија.

Албанците не гледаат во бѕнкерите некаква вредност, ниту пак го забележуваат нивното постоење, но за повеќето странци тие се симбол за изолацијата на земјата и суровиот комунистички режим кој половина век владеел со Албанија.

Bed and Bunker / Albanien

„Кога би се уништиле бункерите, земјата би го изгубила живото сведоштво за најмрачниот период од историјата на Албанија“, вели тој. „Би направиле идентична грешка како и диктаторот [Енвер Хоџа] кој ги уништил сите споменици кои не му биле по ќеф“, вели Макс Вело,  за balkaninsight.com, архитект и сликар, кој во 1978 година е осуден на осум години затвор заради „модернистичките тенденции“.

 

Close