Одбројувањето започна

Точно 50 дена преостануваат до најбогатиот спортски викенд во Охрид, кој ќе биде исполнет со многу забава, дружење и трчање.

 

Спортската манифестација „Ohrid running weekend“ ќе се одржи од 31 мај до 2 јуни, а се состоии од Атлетската манифестација Охрид трчаТ, подигнувањето на стартните пакети и ноќна трка која ќе означи почеток на богатиот викенд со спортски активности во Охрид.

 

Најава за „Ohrid running weekend“ ќе бидат активностите на децата од школска и предшколска возраст. На 15 мај долж покрај Кејот Македонија ќе се одржи училишната трка, додека на 18 мај дечињата од предшколска возраст ќе го разубават и раздвижат градскиот плоштад.

 

Организаторите имаат новитетии и изненадувања за учесниците на кои останува само да се пријават и да се забавуваат, трчаат и уживаат во Охрид.

 

Пријавувањето за Охрид трчаТ е во тек и може да се направи на официјалната страна ohridtrcat.mk.

 

Одбројувањето започна и се гледаме во Охрид !

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close