Центар за млади во Охрид “Ohrid Youth Hub” – бидејки акцентот на младите денес, е нашата иднина утре

Почитувани граѓани на Општина Охрид,

Дојдовме на самиот крај на иновативна иницијатива иницирана од мене, а со поддршка на Швајцарска амбасада/агенција за развој и соработка (СДЦ), Национален Младински Совет на Македонија (НМСМ) во соработка со Меѓународна фондација за изборни системи (ИФЕС) и во склоп на проектот Поддршка на Изборните Реформи, кои го ставаат акцентот на младите  и овие репрезентативни институции ни овозможуваат на нас младите да се залагаме за тема која лично нам не засега, да работиме и вложиме онаму кај што сметаме дека е најнеопходно.

Јас како млад академски граѓанин, студент во Скопје, можев да ја увидам разликата да се биде студент во Скопје, а со пандемијата да се биде и студент дома, и воочив слабости на Охрид како универзитетски центар.

Младите тука не се во фокусот, и нивниот младински стандард не е на завидно ниво. Слух и интерес и покрај стимулативното дејство на Законот за Млади, досега немало, и токму затоа, јас како засегната од фактичката состојба, ја елаборирам оваа тематика, и не сама, заедно со многу млади лица, заедно да одлучиме што конкретно нам ни е потребно. Да дизајнираме катче кое ќе биде темелник и  на многу идни генерации.

Како одговор на сите слабости, детектирав Центар за млади во Охрид кој ќе ги акумулира потребите на младите во Охрид и ќе биде нашето идно омилено збирно место.

Со истата цел беа спроведени квалитативни и квантитативни истражувања, анкети, компаративни анализи каде се согледа функционирањето на соседни и многу европски земји кои се сметаат за развиени и просперитетни современи држави, воедно се спроведе анализа  на документи и закони, и секое едно укажуваше на есенцијата во центар од вакви размери.

Потоа многу средби со претставници на средни училишта, факултети, претставници на граѓанска организација, експерти од разни области и како што напоменав претходно, многу млади лица, како и млади политички функционери, кои ја поддржаа иницијативата и дадоја свој придонес со предлози, идеи, сугестии кои  како значајни во целокупниот процес не доведоја до 3Д визуелизација на Центар за млади, кој би се состоел од библиотека, читална, простор за дебатен клуб каде младите ќе може да си ги усовржуваат своите ораторски вештини, да учат и споделуваат на теми кои се за нив есенцијални, кариерен центар кој ќе ги насочи младите за вистински чекори во иднина, простор за семинари кој ќе служи и на невладиниот сектор, и каде младите ќе може неформално да се едуцираат, и секако во склоп на сето тоа кафе бар  кој, покрај за кафе пауза би бил идеален за настапување на охридски бендови, а воедно младите во секој период од годината да можат да најдат соодветен простор за учење, едукација и забава.

Иновативна иницијатива од младите за младите, преку која крајна цел е локалните власти да имаат слух за потребите на младите во Охрид и од идеја да биде реализација, а моја мотивација е по парковите, кафетериите и улиците да гледам млади луѓе со ведар дух кои ќе бидат спремни да се соочат со нови предизвици и од Охрид заедно да направиме град во кој ќе сакаме да растеме, учиме и вложуваме.

Благодарност до сите оние кои дадојда свој придонес во имплементацијата на оваа студија, благодарност до Граѓанска Организација “Инклузија”, актуелните пратеници во Собранието на Република Македонија, Јован Јаулески и Лидија Петкоска, а пред се до актуелниот пратеник и кандидат за градоначалник на Општина Охрид за неговата целосна поддршка – Кирил Пецаков.

Како еден од поголемите градови во државата, кој истовремено е и универзитетски центар, Охрид нема развиена инфраструктура која би излегувала во пресрет на потребите на младите луѓе кои живеат или студираат тука.

Во овој момент, во оваа смисла, постои националната установа библиотека „Глигор Прличев“ Охрид која, освен библиотечната дејност, не реализира други активности кои би ги антиципирале потребите на младата популација.

Имајќи ги во предвид воочените слабости, целта на овој проект е да се основа Центар за млади во Охрид, кој би имал активности кои би ги антиципирале потребите на младите луѓе од 15 до 29 години;

Младите во Охрид се соочуваат со елементарна пречка во нивниот раст и развој на интелектуално ниво. Нивниот континуиран напредок зависи токму од нивниот младински стандард.

Младинскиот стандард во Охрид не е на завидно ниво и впрочем дестимулативно влијае на истите.

Проблемот со кој се соочува Охрид е неминовен постулат за младинската инклузија во напредокот, просперитетот и  еволуцијата на потенцијален центар за младинска писменост.

Младите заслужуваат повеќе, тие се иднината на ова општество и тие се оние кои во иднина ќе бидат носители на едно еволутивно општествено опкружување.

Со оваа иницијатива насловена “Центар за млади”, сакам да ги ставам во фокус младите, кои се двигател на економијата, а моментално се на маргините, барем во Охрид. Таргет група за спроведување, интегрирање и аналогно на тоа имплементација на овој проект би биле средношколците, студентите, невработените млади лица, како и сите останати лица од 15 – 29г,

Јас како млад академски граѓанин сметам и знам дека Охрид може повеќе. Оваа иницијатива е поткрепена и со Законот за Млади, во кој се споменува имплементирање на Канцеларија за млади која ќе биде во интерес на младите и каде младите ќе можат да ги остваруваат своите интереси, а би рекла и цели.

Јас сакам од Охрид да направам младински центар, град на континуиран развој, град во кој младите пред се  ќе сакаат да живеат, а потоа и да учат, студираат, вложуваат и тука да ја градат својата иднина.

Во Охрид младите се запоставени и немаат пристап до основни инструменти и помагала со кои ќе можат да растат и да се развиваат на интелектуален план.

Во моментов во Охрид нема центар кој ќе биде токму тоа, катче во кое младите, лица од 15 до 29 години ќе можат да поминуваат време во кое ќе можат да учат, да читаат книги, можеби да работат на некоја тимска работа и задача или да ги изградуваат своите ставови, своите ораторски способности, да се социјализираат на еден поразличен начин кој ќе влијае позитивно врз нивната оформена личност, врз нивната свест за тоа дека тие можат и тие знаат, а воедно и да се едуцираат, додека на крај на денот да се рекреираат после секој продуктивен ден.

Ова е иницијатива од младите за младите, бидејки кој ако не младите знаат што им треба и што им недостасувало во нивниот личен развој? Бидејки секоја голема цел – започнува од мала, започнува од секојдневното развивање и секојдневна работа на себе.

Овој проект за мене пред се претставува можност во која јас лично ќе се заложам за она што досега не било ставено на дневен ред, а ме засегало и ме засега лично мене.

Слух и интерес и покрај стимулативното дејство на Законот за Млади, досега немало, и токму затоа, јас како засегната од фактичката состојба, ја елаборирам оваа тематика, и не сама, заедно со младите, заедно да одлучиме што конкретно нам ни е потребно. Да дизајнираме катче кое ќе биде темелник и  на многу идни генерации.

Целта на овој проект е да се поттикнат младите да придонесат со свои решенија и предлози за тоа како да се постави работата на центар кој би ги антиципирал нивните потреби и интереси.

Поентата е да им се понуди на младите центар по нивна мерка и нивен терк каде ќе можат да се сретнат млади со исти или слични интереси и со истата цел би се додал рекреативен елемент на самиот проект и самата идеја. Ваков центар е она што недостасува во Охрид, се уште не реализиран, а според закон зададен.

Овој центар би интегрирал неколку различни функции, кои се есенцијата на подигањето на младинскиот стандард. Истиот би вклучувал:

  • Библиотека која ќе располага со литература од странски и домашни автори;
  • Читална која ќе им служи на учениците/студентите, бидејки впрочем не секој од нив има можности и услови во својот дом да се посвети на учење и едукација, всушност топло катче каде ќе се чувствуваат пријатно и мотивирано да се посветат на своите задачи и предизвици,
  • Сала за конференциски активности, која ќе биде во пресрет на НВО, и со цел младинска едукација;
  • Простор во кој би функционирал дебатен клуб, кој е од неприкосновена важност за истакнување на предиспозициите на секој млад граѓанин,  кој би значел адекватна можност за развој на комуникациските и други персонални вештини кај младите, место каде ќе можат да учат, споделуваат и апсорбираат;
  • Кариерни центри кои ќе бидат пред се во пресрет на средношколците. Место каде тие ќе можат да се советуваат со стручни лица за својот личен интелектуален развој;
  • Работни простории кои ќе бидат во склоп на овој центар каде повторно младите ќе можат да се собираат, дискутираат, истражуваат, учат и работат на определени проекти и задачи;
  • Рекреативен дел каде ќе можат да се дружат, рекреираат и спортуваат после долг продуктивен ден;
  • Мини кафе бар за време на кафе паузите, за неформални дружби и земање здив.

-Овој проект би го започнала со запознавање на младите со идејата и истражување на нивното мислење преку анкети каде ќе можат да дадат свои гледишта, идеи и предлози кои лично нив ги засегаат;

-Следствено би се организирала работилница каде преку дискусија би се стигнало до модел кој ќе биде наше омилено катче за дружба, учење и забава;

-Тет а тет средби на отворено со млади луѓе, каде лично би продискутирале околу нашиот заеднички проблем и точката на вкрстување на младинските и општествените потреби и како заедно да стигнеме до она кое токму нас не засега и преку видео, како од интервјуата, така и од активностите истото би се презентирало и до пошироката јавност;

– Рекламирање преку социјални мрежи, каде ќе се покрене свеста, каде инпутот и аутпутот ќе стигне до поширока маса засегнати граѓани и ќе покрене идни значајни иницијативи;

è-Прес преку локална телевизија каде повторно пошироката јавност би се сретнала со она што моментално ја засега младинската популација и како до подобрување на младинскиот стандард.

Мојата мотивацција за овој проект е по улиците, кафетериите и парковите да гледам млади луѓе со ведар дух, спремни да растат и да се соочат со светот и  од истиот заедно да направиме подобро место за живеење.

Сакам да градам и вложувам во едно просперитетно општество кое се грижи за интересите и потребите за сите нас.

Околу себе да гледам моќна и гласна младина која ќе биде репер за идни генерации, бидејки моќта е во пишаниот збор и интелектуалниот развој. Време е за револуција на мозоци, бидејки знаењето е сила, знаењето е моќ.

Овој проект би резултирал со подигнување на младинскиот стандард, стимулирање на младинската инклузија во општественото опкружување и младина која ќе биде спремна да се носи со ризиците на едно ново време и само од истата младина зависи какво истото ќе биде.

За реализирањето на овој проект сојузнци се НВО, како и локалните власти

Од младите, за младите!

Close