Втора групна изложба “Низ детските очи 2”

Денеска на плоштадот “Александрија” во Охрид ќе биде поставена втората групна изложба “Низ детските очи 2”.

Изложбата е во организација на летната сликарска школа за деца, “Пробај уметност”.

На изложбата која е од продажен карактер, ќе бидат поставени 84 слики од 21 автор. Собраните средства од продажбата на сликите ќе бидат наменети за децата.

Close