Кирацовски: На овие избори се спротивставуваат два клучни концепти -Стево концепт на напредок и уназадување на Силјановска

Граѓаните на Охрид и граѓаните на целата наша држава повеќе не сакаат несигурност, нестабилност и неизвесност. Напротив сакаат напредок економски раст и економски развој. Токму затоа на 21 април, токму тука во Охрид концептот заедно напред ќе издвојува голема победа и на претседателските и на локалните избори, истакна Александар Кирацовски, генерален секретар на СДСМ и шеф на изборниот штаб.

На овие избори се спротивставуваат два клучни концепти едниот концепт на Стево концепт на напредок и другиот концепт на уназадување кој го препочитува госпоѓата Сиљановска.  Стево Пендаровски го развива и го промовира концептот на сигурност, стабилност, на безбедна држава, напредок, евроинтеграции, и влез во НАТО Алијансата.

Од друга страна госпоѓата Слиљановска и ВМРО-ДПМНЕ претпочитаат и предлагаат концепт на уназадување, концепт на враќање кон минатото кон поделбите и изолацијата.Нас ни е повеќе од јасно и сме убедени дека граѓаните ќе изберат напредок наместо уназадување и интеграција наместо изолација.

Впрочем тоа го покажуваат и сите истражувања на јавното мислење, поддршката за Стево и поддршката за нашиот кандидат тука во Охрид Константин расте од ден на ден.

Сите релевантни анкети потврдуваат дека Стево Пендаровски и нашиот кандидат во Охрид во првиот круг ќе издвојуваат голема предност, а во вториот круг голема огромна победа.

Почитувани присутни, почитувани охриѓани,

Охрид е веќе определен ќе гласа за Стево Пендаровски за претседател на нашата држава, и ќе гласа за Константин Ѓорѓиевски за градоначалник на нашиот Охрид, истакна Александар Кирацовски, генерален секретар на СДСМ и шеф на изборниот штаб.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close