Кандидатот Стевоски најави средување на патот Охрид-Св. Наум

 Патот кој води од Охрид до Свети Наум е уште една од децениските лаги на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, порача преку видео порака кандидатот за градоначалник на Охрид од редовите на партијата Демократи, Стевче Стевоски.

– Овој пат и ден денес е неосветлен, полн со дупки, а во урбаните делови низ кои поминува нема ни пешачки ни велосипедски патеки. Лагите кои со години ги кажуваа за негова реконструкција останаа дел од големиот творечки потенцијал на лажни вести кои ги пласираа портпаролите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со години наназад. Јас, Стевче Стевоски, јавно Ви ветувам дека овој пат ќе го осветлам од Охрид до светилиштето Свети Наум, ќе направам тротоари и велосипедски патеки и населбите покрај брегот подобро ќе ги поврзам со Охрид, за да се поатрактивни за туристите од кои живее најголем број од населението во овие села и населби, истакна Стевоски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close