(ФОТО) ЕКО ФАП донесе вода за дивите животни на Галичица

Задача која не е за секој… Во оваа летна жега задачата беше не само да се донесе вода за дивите животни на Галичица, туку да се донесе и дел од душата , љубовта и желбата за помош и учество во нешто што нема цена, напиша на својот ФБ профил Горан Устијаноски кој е дел од здружението ЕКО ФАП.

Адекватен предизвик за адекватна група луѓе… Од душа и без пазар. За да се гордееме што на Галичица има елени после толку години, што планината има живот и не наликува на пустина!
Довербата на НП Галичица ни е доверена неколку пати во вакви суштински моменти! Честа е голема што го одбрале ЕКО ФАП!
Фапот кој според некои душегрижници беше отпад ( кога ни го одстапија) си ја заврши работата со шмек на стар господин, бавен ама прооден кај што останатите не смеат ни на карта да погледнат!
Полека, полека, по старски. Сат и петнаесет…

Сигурно ќе сме тука за Охрид , за езерото и за Галичица додека сме на нозе и додека имаме луѓе како : Stefanoski Stefan, Gjuro Jovceski Igor Jovceski,Sotir Filevski, НП Галичица!

Со почит кон сите,
Ваш ЕКО ФАП

 

Close