(ФОТО) Во ООУ „Свети Наум Охридски“ во селото Пештани поставен е нов покрив и се врши промена на дограмата во сите училишни простории

Во ООУ „Свети Наум Охридски“ во селото Пештани поставен е нов покрив и се врши промена на дограмата во сите училишни простории, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.

Градоначалникот во објавата додава:

Старите азбестни табли се заменети со современ лимен покривач и се поставуваат нови ПВЦ прозорци, со што значително се подобрени условите за настава.
Средствата за реализирање на овие реконструктивни зафати, Општина Охрид ги обезбеди преку Министерството за образование и наука, по претходно објавен повик за аплицирање. Вредноста на вкупната инвестиција во ова училиште изнесува околу 3 милиони денари.

Close