Во Шведска Интерпол го уапси обвинетиот Давидовски за крвавиот четврток

Шведската полиција по налог на „Интерпол“ попладнево го уапсила обвинетиот за кравиот четврток Дејан Давидовски -Дешо, кој избега од државата, потврдија за „Макфакс“ од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. На Давидовски му бил определен екстрадициски притвор.

Од обвинителството потврдија дека ги подготвуваат документите за превод на барањето за екстрадиција. Неофицијално го чекале Давидовски да слета на аеродромот во Стокхолм на 7 април.

Давидовски е обвинет за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста за организираниот напад на Собранието на 27 април 2017 година, за којшто веќе беа изречени пресуди. За Давидовски беше распишана меѓународна потерница.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close