(ФОТО) Вренцоска со “чизмици” на плус 40

Портпаролката Сузана Вренцоска вчера кога топлиот бран кулминира се појави со чизми на прес конференцијата по повод роденденот на фестивалот. Вренцоска која е позната по “терање најнова мода” гордо парадираше со чизмињата под чадорот за сонце.

Сузана Вренцоска е позната охридска рушителка на стереотипи и е предмет на чаршиски оговарања на охридската малограѓанска заедница.

По градот не запирливата Вренцоска ја запази окото на нашиот објектив на роденденот на ВМРО ДПМНЕ кога го фотографираше “од позади” поранешниот охридски градоначалник кој седна на валкан стол.

ВО ВИКЕНД ЛАБАВО: Птицата прелетачица, Бакрачески и Вренцоска

ДОДЕКА ТАА СО ЧИЗМИ СЕДЕШЕ ПОД СЕНКА КАМЕРМАНИТЕ ГОРЕА НА СОНЦЕ

И додека портпаролката гордо позираше со чизмите во сенката на летниот чадор, камерманите и овој пат останаа на сонце. Снимателите од телевизиите во Охрид во неколку наврати до „Охрид 1“ се пожалија дека се лошо третирани токму на прес конференциите организирани на Долни Сарај кога редовно горат на сонцето, додека новинарите и останатите се под сенка.

Тие се жалат и дека Вренцоска не ги канела на службените ручеци кои ги организирала само за новинарките блиски до неа.

„Камермани не викала. Само „сестрите“ на плескавици. Нас не избегава, за да не слушаме шо зборват“ – ни пиша еден снимател во една прилика.

Close