По Самоил и Кирил и Методиј, македонските и бугарските историчари разговараат за Гоце Делчев

Политичарите направија сериозен чекор со Договорот за пријателство и добрососедство. Тој е солидна основа за еден многу значаен чекор во билатералните односи, но и поттик за евроатлантските и европските аспирации на нашиот сосед Северна Македонија. Се надевам дека тоа ќе се случи. Нашата Комисија не е незначаен дел од тоа, кое треба да го завршат двете земји, истакна денеска копретседателот на Мешовитата македонско-бугарска експертска комисија, од бугарска страна, Ангел Димитров.

МАКЕДОНСКО-БУГАРСКАТА ЕКСПЕРТСКА КОМИСИЈА

По Самоил и Кирил и Методиј, македонските и бугарските историчари разговараат за Гоце Делчев

Политичарите направија сериозен чекор со Договорот за пријателство и добрососедство. Тој е солидна основа за еден многу значаен чекор во билатералните односи, но и поттик за евроатлантските и европските аспирации на нашиот сосед Северна Македонија. Се надевам дека тоа ќе се случи. Нашата Комисија не е незначаен дел од тоа, кое треба да го завршат двете земји, истакна денеска копретседателот на Мешовитата македонско-бугарска експертска комисија, од бугарска страна, Ангел Димитров.

Бугарската агенција БГНЕС јави, дека вчера во Бојна завршило петтото дводневно заседание на Комисијата.

На средбата, двете страни дискутирале за учебниците и дебатирале околу личноста и делото на Гоце Делчев.

Димитров предложил „да се најде решение за чествувањето на една толку сакана личност во двете земји, како Гоце Делчев“.

Двете страни одлучиле прашањето околу Делчев да биде разгледано на следното заседание, што ќе се одржи во јуни.

„Се надевам дека на следната средба ќе се дојде до решение подобро од тоа кое го направивме за Цар Самоил. Искрено се надевам дека на следната средба ќе завршиме со античкиот период, но ќе направиме солиден чекор напред во постигнувањето на заедничка позиција околу белешките со интерпретацијата на средновековниот период“, истакна Димитров.

Драги Ѓорѓиев, копретседател од македонска страна, нагласи дека прашањето за Гоце Делчев е „чувствителна тема за една важна личност“.

„Ние денеска дискутиравме за Гоце Делчев и сметаме дека треба да се продолжи разговорот за него како за една личност, која заедно ќе ја за чествуваме“, рече Георгиев.

Тој наведе дека македонската страна ќе подготви свој текст, што ќе го предложи на средбата во јуни.

„Сметаме дека работата на Комисијата е многу сериозна. Неопходно е време, неопходни се консултации со специјалисти, да претставиме една сериозна препорака до Владите“, заклучи копретседателот на Комисијата од македонска страна.

Претходно Димитров изјавил дека е постигната согласност и за улогата на Бугарија во контекст на делото на светите солунски браќа, Кирил и Методиј, како и за зачувувањето и развојот на она што тие го правеле заедно со своите ученици.

Директорот на Институтот за национална инсторија Драги Ѓорѓиев, кој го предводи македонскиот тим историчари, оценил дека е постигнат сериозен напредок само за неколку месеци, посебно околу историските несогласувања меѓу двете земји во периодот на 60-70 години од минатиот век.

„Ние само за шест-седум месеци успеавме на некои прашања од минатото да погледнеме од друг аспект“, изјави Ѓорѓиев и додаде дека тешкотиите доаѓаат од наметнатите стереотипи низ годините.

 

Според Ѓорѓиев, идните генерации ќе можат да гледаат на историските личности како на дел од вкупната цивилизација, а не тие да бидат поделени на, како што рече, такви или онакви. Тој информира дека биле разменети мислења со бугарската страна за прашања од античкиот и средновековниот период, кои според него, можат да бидат променети.

Димитров констатира дека успехот во Комисијата ќе биде постигнат тогаш кога „на воздржан начин ќе се каже историската вистина“. Тој нагласи дека несогласувањата се однесуваат на учебниците за основните училишта во Северна Македонија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close