Нарушен јавниот ред и мир во село Косел

Охрид пријавено e нарушување на јавниот ред и мир во охридското село Косел, со физички напад извршен од лице на (43) години, врз неговиот брат (53) годишен, двајцата од истото село.

Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава. На 30/31.07.2021 од 20 до 01 часот, при обезбедување на музички концерт на просторот на поранешниот Градски полигон за мали спортови во Охрид, од полициски службеници од СВР Охрид, констатираа дека организаторот на концертот, овозможил присуство на малолетни лица по 24 часот, поради што СВР Охрид, против одговорното и против правното лице, ќе поднесе соодветна пријава.

Close