(ФОТО) ОК ВМРО ДПМНЕ: Георгиески да ја разреши Директорката на ЈП ,,Билјанини извори” која дозволи забави каде што пливаат децата

Георгиески да ја разреши Директорката на ЈП ,,Билјанини извори” затоа што два дена се одржуваат забави на градскиот базен. На самиот базен каде што пливаат децата од пливачките школи и рекреативците сега има расфрлано шишиња, пикавци, срчи, ѓубре, се вели во соопштението од ОК ВМРО ДПМНЕ.

Во продолжение на соопштението се додава:

Дали има цена желбата на децата да пливаат и спортуваат?
Дали на ваков срамен начин Власта и Јовановска ги почитуваат Протоколите за работа и мерките за заштита?
Директорката Јованоска мора да понесе одговорност за ваквото неесериозно однесување со кое директно ја загрозува безбедноста на децата.
Бараме веднаш да се откаже настанот закажан за вечерва за да спречи дополнителна штета.
Охриѓани ќе стават крај на скандалозното работење на Георгиески.
Доаѓа време на сериозно и одговорно работење!

Close