(ВИДЕО) Ангеловски од Охрид: 327 возачи возеле пребрзо, 107 биле пијани

Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените акциски контроли за санкционирање на возачите што возат со брзина поголема од дозволената, сообраќаен прекршок кој е најчеста причина за сообраќајни незгоди со тешки последици, како и санкционирање на возачите што управуваат возило под дејство на алкохол.

„Вчера (31.07) санкционирани се 327 возачи кои возеле пребрзо, а 107 возеле под дејство на алкохол, соопшти денеска портпаролот на МВР Тони Ангеловски на прес конференција во Охрид. Засилените контроли продолжуваат и денеска и во наредните денови, а МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и сите заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Close