Во Струга приведен криминалец од Скопје по распишана централна потерница

На 31.07.2021 полициски службеници од ОВР Струга во соработка со Единицата за внатрешни работи Карпош го лишиле од слобода М.Т.(27) од Скопје, за кого била распишана централна потерница за издржување на затворска казна.

М.Т. е осуден на казна затвор за сторени кривични дела „тешка кражба“ по член 236, „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ по член 215 и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“, по член 383 од Кривичниот законик. Тој бил приведен во Полициска станица Струга, по што ќе биде спроведено во казнено-поправна установа за издржување на казната.

Close