(ВИДЕО) Коњаноска: Ребалансот на буџетот на општина Охрид наликува на филозофијата на Марија Антоанета, ако нема народот да јаде леб, нека јаде колачи

На денешната седница на Советот на општина Охрид на дневен ред беше ребалансот на буџетот.

Како што рече координаторката на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Коњаноска, дури и да се правните процедури сосема испочитувани, и во тој случај тие се против 20 милиони денари да се префрлаат на ставка спорт и рекреација.

-Во услови кога за поттикнување на туризмот сме предвиделе 3 милиони и 900 илјади денари, па сме ги намалиле на 3 милиони и 60 илјади денари, во услови кога имаме минимални средства за поддршка на локален економски развој, кога имаме намалување на средства за реконструкција на патишта, за уредување на неизградено градежно земјиште, за решавање на комунални проблеми на граѓаните, ние да префрламе олкави суми на пари на граѓански организации и спортски клубови. Навистина сметам дека нема никакво оправдување, посочи Коњаноска и нагласи дека овој ребаланс на буџетот наликува на филозофијата на Марија Антоанета, ако нема народот да јаде леб, нека јаде колачи.

-Нема никаква логика да носиме ваков ребаланс дури и да не е носењето на истиот на само два-три месеци пред избори, истакна Коњаноска.

Close