Синоќа на ул.„Димитар Влахов“, приведен Ресенчанец, полицијата пронашла дрога

На 28.07.2021 во 21.25 часот на ул.„Димитар Влахов“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода 31 годишен од Ресен. При контрола во патничкото возило „фолксваген голф“, со охридски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени марихуана и прашкаста материја.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Close