Свети Климент се упокоил на денешен ден, 27 јули

Моштите на Свети Климент Охридски не почиваат на едно место. Се упокоил во Охрид на 27 јули 916 година, погребан е во црквата Свети Пантелејмон на Плаошник, која самиот ја изградил.

Најголемиот дел од моштите се чуваат во Македонија, во Плаошник, а има мошти и во Бигорскиот манастир, во Митрополијата во Битола, во црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ – Скопје, во црквата „Св. Климент Охридски“ – Скопје и во Поречкиот манастир. Во црквата на Светите Седмочисленици во Софија (Бугарија), има дел од моштите, а во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Пловдив има честица од моштите кои се подарок од МПЦ-ОА во 2008 година.

Неговиот череп се чува во манастирот „Св. Јован Претеча“ кај Бер во Егејска Македонија. Черепот го зеле двајца монаси за време на пренесувањето на моштите на светецот од охридската црква Св. Пантелејмон, која Турците ја претвориле во џамија, во црквата Мал Св. Климент, а потоа во црквата Св. Богородица Перивлепта. Монасите веднаш ја однеле главата во манастирот во Бер, каде Св. Климент Охридски станал монах. Во 1970-тите, една честичка од моштите била однесена и во Рим.

 

365 цркви Охрид

Close