(ФОТО) Конечно поставен чадор за сонце бред „Банката“ во Охрид

После скоро две години стоење на сонце и на дожд, паѓање во несвест во редовите, губење време и здравје или накратко кажано мачење, мачење и мачење на луѓето клиенти на банката, денес пред објектот конечно беа поставени чадори за заштита од сонце. Но тие не беа поставени за пензионерите или другите клиенти на банката, туку за директорите, менаџментот и новинарите ( селектирани според медиумите кои не објавуваа вести дека луѓе паѓаа во несвест пред банката ) и кои дојдоа на повторното свечено отворање на банката, сега во сопственост на „Шпаркасе“.

На настанот не беа поканети порталите од групацијата www.onemedia.mk која е најголемата информативна  интернет медиумска компанија од Охрид.

Дали не бемве поканети заради овие објави ја прашавме денес „Шпаркасе банка“, а кога ќе стигни одговорот истиот ќе го објавиме јавно.

Објавите заради кои мислиме дека денес не бевме поканети на настанот пред банката:

Пензионерите седми ден чекаат редови да си ги земат пензиите во Охридска Банка

„Охрид 1“ ја превоспита „Охридска Банка“-дел од „Шпаркасе“-голготата на тротоарите заврши

„Шпаркасе“ ги извести корисниците дека не им прикажува точна состојба на сметките

И УШТЕ МНОГУ ПОВЕЌЕ СО КЛИК Т У К А 

Close