Амбасадорот на Израел оствари средба со градоначалниот Георгиески

Чест ми е што денес мој гостин беше Амбасадорот на Израел, Дан Оријан. Разговараме за повеќе актуелни теми, како и за можностите за меѓусебна соработка особено во делот на образованието и туризмот.
Поради завршување на мандатот, ова беше последна протоколарна посета на Охрид од страна на амбасадорот Оријан и затоа упатувам јавна благодарност за целокупната поддршка и досегашна соработка, пишува во својата ФБ објава градоначалникот Георгиески.
Close