„Шпаркасе Банка“: Денарските изводи се веќе регулирани и на клиентите ќе им бидат доставени корегирани изводи

„Шпаркасе Банка“ која ја присоедини „Охридска Банка“ денес писмено ги извести корисниците дека како што стои во дописот „не треба да ги земаат во предвид износите кои ќе им се прикажуваат на изводите бидејќи тие не ја прикажуваат реално состојбата на нивните сметки“.

За потребите на Ohrid1.com и порталите на OneMedia.mk се обративме до службите на банката со молба да прецизираат што ова значи и зошто ( од кои причини ) коминтентите на банката не треба да ги земат во предвид состојбите на извоидите, како и во кој правец тие се неточни.

Во продолжение ви го пренесуваме одговорот од „Шпаркасе Банка“ во целост:

Согласно известувањето кое е доставено до дел од клиентите на банката, за кои од технички причини има несоодветен приказ на трансакциите и состојбите на сметките, ве информираме дека се работи за случај на генерирање на несоодветни податоци во документот – извод кој се доставува до клиентите, а не за несоодветни реални салда и трансакции.

Потенцираме дека сите салда и трансакции на клиентите во системот на банката се точно евидентирани и соодветствуваат на салдата и трансакциите кои клиентите ги извршиле.

Воедно, ве информираме дека во текот на денот денарските изводи се веќе регулирани и на клиентите ќе им бидат доставени корегирани изводи.

Ве уверуваме дека банката е посветена на своите клиенти и во континуитет се грижи за нивното соодветно транспарентно и навремено информирање, како и надминување на недостатоците и одржување и подобрување на квалитетот на услугата, се вели во одговорот од „Шпаркасе Банка“ .

Close