„Шпаркасе“ ги извести корисниците дека не им прикажува точна состојба на сметките

ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ПАРИТЕ НА СМЕТКИТЕ ВО ПОРАНЕШНА ОХРИДСКА БАНКА ? „Шпаркасе Банка“ која ја присоедини „Охридска Банка“ денес писмено ги извести корисниците дека како што стои во дописот „не треба да ги земаат во предвид износите кои ќе им се прикажуваат на изводите бидејќи тие не ја прикажуваат реално состојбата на нивните сметки“.

За потребите на Ohrid1.com и порталите на OneMedia.mk се обративме до службите на банката со молба да прецизираат што ова значи и зошто ( од кои причини ) коминтентите на банката не треба да ги земат во предвид состојбите на извоидите, како и во кој правец тие се неточни.

Бидејќи во дописот до коминтентите стои и дека пораката треба да се третира како деловна тајна, истата нема да ја објавиме јавно, но до „Шпаркасе Банка“ ги испративме следните прашања:

1 Зошто Вашата банка на изводите на коминтентите не е во состојба да им ја прикаже реалната состојба ?
2 Како, на кој начин и кога коминтентите на банката ќе може да ја знаат која е реалната состојба на нивните сметки ?
3 Ако состојбата сега не е реална, како коминтентите ќе се сигурни дека во иднина ќе е реална ? Како ќе им докажете дека сегашната нереална состојба на изводите во иднина ќе се прикажува реално ?
4 Дали состојбата која не е реална на сметките значи дека на нив им се прикажува на коминтентите помал износ од тој кој реално го имаат или се прикажува поголем износ од тој кој реално го имаат на сметките ?
Во моментот кога ќе пристигне одговорот ќе го објавиме интегрално и во целост.
Некогашната „Охридска Банка“ која сега е дел од „Шпаркасе“ со децении важеше за банка на доверба каде на сметките на фалеше ни еден денар и во нај црните денови на македонското банкарство кога пропаѓаа заштеди низ разни мешетарски банки и штедилници.
Close