Лице заработи кривична пријава за агресивен напад кон вработен во ЈП Билјанини извори

На 20.07.2021 година околу 19 часот на булеварот „Македонски Просветители“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Н.С.(47) од Охрид.

Тој, го наруши јавниот ред и мир со агресивно однесување кон вработени во Јавното претпријатие „Билјанини извори“ и со кршење на наплатната куќарка и инвентарот.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Close