Утрово силен земјотрес во Грција

Грција утрово беше погодена од силен земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала.

Според грчките медиуми, земјотресот бил регистриран на неколку километри од Хераклион во Крит.

Според Геодинамичкиот институт, земјотресот е откриен на длабочина од 13,6 километри, додека епицентарот бил на 20 километри од Хераклион, пренесуваат грчките портали.

извор/фото: агенции

Close