Организаторот не ја отфрла можноста за откажување на Олимпијадата во последен момент

Извршниот директор на организациониот комитет на Олимписките игри, Тошира Муто не ја отфрли можноста за целосно откажување на игрите поради зголемениот број на позитивни случаи на ковид-19 меѓу спортистите.

До денеска попладне се пријавени 71 позитивен случај на ковид-19 меѓу членовите на олимписките тимови кои се во Токио, бројот постојано се зголемува, а тоа сериозно го загрижува организаторот бидејќи притисокот од јавноста е голем.
Иако натпреварувањата е предвидено да се играат без публика, жителите на Јапонија веќе извесно време постојано протестираат против одржување на игрите.
„Не можеме да предвидиме во која насока ќе одат случаите со коронавирусот. Продолжуваме да разговараме и ќе видиме што ќе направиме доколку дојде до голем пораст на бројките. Ќе имаме состаноци на кои ќе учествуваат пет страни. Се може да се случи, една од опциите е и откажување на игрите, иако никој не сака тоа да се случи. Сепак мора да ја донесеме вистинската одлука за доброто на сите“, вели Тошира Муто.
Олимписките игри официјално започнуваат во петок, на 23. јули, а веќе од утре се играат некои натпревари во екипните спортови.
извор/фото: агенции
Close