(ВИДЕО) Силно невреме го зафати Охридско – Струшкиот регион

Предмалку Охридско – Струшкиот регион го зафати кратко но силно невреме.  Нестабилното време започна од вчера, а според најавата ќе трае до вторник.

За наврнатиот дожд во изминатите 24 часа, УХМР информира дека 21 литар на метар квадратен се измерени во Маврови Анови, 20 во Лазарополе, 18 во Охрид и Попова Шапка, 16 во Тетово, 12 литри во Дебар, седум во Скопје – Зајчев Рид, три во Крушево, два во Претор и Пожаране и еден литар на квадратен метар е навранато во Битола.

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса до вторник ќе се задржи променливо облачно, врнежливо и посвежо време, претежно попладне наместа со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер (над 70 км/час) и појава на град.

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, до вторник ќе се задржи променливо облачно, врнежливо и посвежо време со пороен дожд и грмежи, соопшти УХМР.

Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, чести електрични празнења, силен ветер (над 70 километри на час) и со услови за појава на град.

Максималната температура денеска во државата ќе биде во интервал од 26 до 34 степени.

Од среда ќе следува стабилизирање на времето, соопшти УХМР.

 

Close