Либерленд гради мегаструктура на остров меѓу Србија и Хрватска

Либерленд, самопрогласената микродржава меѓу Србија и Хрватска, која во првата година од формирањето имаше 340.000 жители веќе брои 700.000 жители кои ја поддржуваат владата во егизл и чекаат дозвола да се населат во матичната земја.

Либерленд се протега на површина од само седум квадратни километри.

Да потсетиме, благодарејќи на граничниот спор меѓу Загреб и Белград заради парче земјата на источниот брег на Дунав, Чехот Вит Једличка одлучи на тие седум квадратни километри да прогласи нова држава.

Либерленд е „основан“ април 2015 година, се наоѓа на северниот дел на границата меѓу двете држави на околу десет километри источно од Сомбор.

Активистот и „претседател” на самопрогласената држава Либерленд, Чехот Вит Једличка тврди дека признавањето на Републиката прогласена по течението на Дунав меѓу Хрватска и Србија е реално и дека за тоа има позитивни сигнали од хрватското Министерство за надворешни работи.

Според неговата изјава за Чешката државна телевизија ЧТ 24, Либерленд која е замислена како земја на даночен рај, на двете балкански држави ќе им обезбеди економски раст, бидејќи во иднина ќе стане ,,Хонг Конг на реката Дунав”.

Територијата која е всушност предмет на граничен спор меѓу двете земји, Једличка тврди дека е ничија земја.

Имаме хартија од Министерството за надворешни работи на Србија, кој децидно вели дека за таа територија не се заинтересирани, а со тоа што Хрватите на другата страна направиле граница и инсистираат на неа, јасно зборува дека исто така не се заинтересирани, оцени Једличка.

Хрватска вели дека не е точно дека станува збор за ,,ничија територија” туку за хрватска сопственост. Експертите исто така сметаат дека не се работи за таква категорија туку едноставно во таа област се уште не е дефинитивно зацртана хрватско-српската граница.

Слично пишуваат и српските медиуми, сметајќи дека новопрогласениот лидер е член на „Партијата на слободните”, (која се истакнува со ставови против ЕУ) и единствена цел му е да привлече внимание.

извор/фото: агенции

Close