(ВИДЕО) Жардињерите поместини, сокачето во Месокастро повторно „сообраќајница“ и паркинг

Сокачето во Месокастро повторно отворено за автомобили. „Досетливи“ гости и граѓани, не се сложуваат со локалната на ова место да има забрана за влез на автомобили во Месокастро.

Инаку за да се среди хаосот со паркирањето во Стариот дел на Охрид, локалната постави рампи, каде може да се помине со специјална пропусница. Сите жители од Варош имаат пропусници, а оние кои издаваат апартмани, дообија онолку картички колку што можат да обезбедат паркинзи за своите гости.

Но, не само Охриѓани, сокачињата за влез во Стариот дел на Охрид ги научија и гостите. Па така, за да ја избегнат рампата, почнаа да го користат сокачето кое слегувајќи од Горна Порта води до до црквата Св Богородица Каменско.
По жалбите на жителите од овој дел на Охрид, дека со рампата не се реши проблемот, вчера на сокачето поставени беа и жардињери. Но, уште првиот ден гостите и граѓаните не се сложија со намерата па поминуваа и покрај препреките.

Инаку рампите за влез и излез во стариот дел на градот беа ставени во употреба со летниот режим на сообраќај од 1 јули.

Според известувањето на локалната моторните возила ќе може непречено да сообраќаат, само доколку поседуваат картичка за движење во овој дел од градот. Оваа мерка е дел од утврдениот режим на сообраќај за старото градско подрачје и Правилникот за издавање на картички за движење на моторни возила.

Функционирањето на рампите е регулирано со 24 часовно физичко обезбедување и ќе биде под постојан видео надзор.

Поврзани вести:

(ФОТО) Сечат дрвја, кршат карпи, за да си направат паркинг – ќе ја стопира ли некој оваа појава?

(ФОТО) Сечат дрвја, кршат карпи, за да си направат паркинг – ќе ја стопира ли некој оваа појава?

(ФОТО) Ни препреките не се проблем за да се влезе и излезе од Месокастро

Close