Струшки автобус излетал од патот на враќање од Германија

Автобус на ЕуроБус од Струга, кој патувал од Германија кон Македонија, утрово на автопат во близина на Нова Градишка, Хрватcка излетал од патот, пренесува ТВ Шења.

Неофицијално телевизијата дознава дека возачот најверојатно заспал.

Според информациите, од судирот, некои патници се здобиле со полесни телесни повреди, додека автобусот е сериозно оштетен.

Close