Охрид полн со диви „тезгаџии“ – легалните најавуваат дека ќе бараат градот да им ги врати парите

Лица од други градови кои во лето престојуваат во Охрид и тука се заниамваат со најразчични активности, го препрлавија центарот на градот со разни помошни реквизити ( крпи послани на плочниците, масички, картони … ) на кои продаваат се и сешто, а со тоа прават нелојална и нелегална конкуренција на останатите закупци на тезги кои легално на јавно наддавање добија локации и за тоа платија пари во касите на Општина Охрид и Ј.П. Градски Пазар. Легалните закупци велат дека сега ќе си ги бараат парите назат.

Дојдени најчесто од скопската населба Шутка, но и од други делови на Скопје и други градови од Македонија , навечер го преплавуваат центарот на градот и се заниамваат со најразлични активности. Од питачење до нелегално поставување крпи и картони на плочниците и продажба на се и сешто, луѓето кои во шпицот на сезоната веќе традиционално сами доаѓаат ( или некој организирано ги носи ) повторно прават проблеми низ градот, а најмногу ги оштетуваат леганите закупци на тезги кои платија и по 100.000 денари за закуп на локациите.

„Охрид 1“ се обрати и до Општина Охрид од каде ни беше одговорено дека ќе уследи координирана акција на Полицијата , Пазарната, Трудовата инпекција и УЈП. Оваа акција од Локалната ја најавија за вчера, но тоа не се случи, а лицата кои нелегално работат во центарот на Охрид и натаму се тука и повторно ги окупираат шеталиштата низ градот.

НЕЛЕГАЛНО ПРОДАВААТ И ХРАНА

Некои од овие лица неказнето и нелегално продаваат и храна, притоа користејќи и плински боци кои претходно Инспекторатот ги забрани за уопотреба. Така тие деновиве предизвикале и пожар на тезга за продажба на печени пченки, по што интервенирала и Пожарната. Инцидентот за „Охрид 1“ е потврден од Пожарната.

Легално планирани и платени за ваква намена се осум тезги, а синоќа во центарот на Охрид печени пченки се продаваа на 16 тезги.

ВМРО ДПМНЕ МОЛЧИ – ВЛАСТА НЕ РЕАГИРА

Партијата ВМРО ДПМНЕ до овој момент ги игнорира овие појави и не реагира на ова. Иако партијата во минатото беше позната по тоа што реагираше на нелегално поставување тезги, летово од таму молк. И додека општината не реагира, а ВМРО ДПМНЕ молчи, јавноста треба да нагаѓа дали и власта и опозицијата молчат заради претстојните избори, на кои гласаат луѓе од Охрид, а не оние кои ги носат да питаат или препродаваат роба на лето во Охрид.

СТРУГА ЕФЕКТУВНО ГО РЕШИ ПРОБЛЕМОТ

Струшкиот градоначалник Рамиз Мерко уште во мај најави дека општината и полицијата ќе стават крај на организираното носење питачи и препродавачи на се и сешто во летниот период во Струга со тоа што лицата ќе се приведуваат и ќе се носат во одредени простории од каде ќе се враќаат во нивните места на живеење.

Close