„Автобуска Охрид“ стартува online продажба на билети за сите линии од Охрид

Автобуската во Охрид започна со онлајн продажба на билети за сите линии од градот.

Автобуската станица во Охрид го стартува веб сајтот www.bus2go.mk преку кој сите кои имаат потреба на нај лесен начин, преку интернет може да купат билет од Охрид до градот и местото каде патуваат, ( да не губат време на шалтерите на билетарите на автобуските станици ) и со онлајн купениот билет и да допатуваат во Охрид.

Билет може да купите за транспортерот со кој сакате да патувате, а поаѓа од Охрид и тоа:

„Македонија Сообраќај“, „Галеб“, „Авто Атом“, „Транскоп“ и „Класик“.

 

Во официјалната објава на ФБ стои:

🎉🎉 Ново🎉🎉Ново🎉🎉
Почитувани патници,
Со задоволство сакаме да Ве известиме дека за прв пат во Македонија почнуваме со online продажба на
🚌 автобуски карти за сите релации од Охрид само на ✅ www.bus2go.mk
❗️ Моментално системот овозможува online продажба на карти само за еден правец..
✅ Купувајте online сигурно и безбедно 7/24
Close