Константин Георгиевски и официјално кандидат за градоначалник на СДСМ

Актуелниот градоначалник на Охрид Константин Георгиевски и официјално стана кандидат на неговата партија СДСМ за претстојните Локални избори кои ќе се одржат во октомври.
Георгиевски на ФБ објави: „Поддршката дава сила и мотив за нови победи, но истовремено носи одговорност и голема чест!
Цврсто чекориме по патот на успехот и овозможуваме посветла иднина за Охрид и за охриѓани. Убеден сум дека можеме да постигнеме уште повеќе!
Време е да зацртаме и да тргнеме кон остварување на нови цели! Време е уште еднаш да се обврземе пред граѓаните и пред себеси дека ќе работиме уште повеќе за интересите на нашиот град!
Предводејќи ја локалната власт во Охрид, СДСМ покажа и докажа дека знае да креира квалитетни политики. Работевме одговорно, чесно и домаќински. Реализиравме важни проекти, водејќи сметка за зачувување на природните, културните и духовните богатства.
На претстојните локални избори продолжуваме со Вас граѓаните, Заедно Напред, за уште една голема ПОБЕДА во Охрид!“
Како најблизу до официјална кандидатура од редовите на ВМРО ДПМНЕ е актуелниот пратеник Кирил Пецаков.
Close