Стевоски: Ќе бара бараме субвенциониран Јавен превоз на територија на општина Охрид

НЕЗАВИСНА СОВЕТНИЧКА ЛИСТА носител Стевче Стевоски објави дел од Програма за локални избори 2021. Истата се однесува на Субвенциониран Јавен превоз на територија на општина Охрид за физички лица и за сите здруженија на грагани( фолклорни друштва и др),спортски екипни и поединечни клубови ( фудбал, ракомет ,кошарка, боречки клубови и сл.) поради неконтолираното иселување на населението од село во Град Охрид а со цел опстанок на селото и негов развој како урбана средина ќе бараме Субвенциониран Јавен превоз на територија на општина Охрид за корисници физички лица кои секојдневно патуваат од населените места село према градот Охрид со локален автобуски превоз и тоа за следните категории лица.

Независната листа на Стевоски нуди:

1.ПЕНЗИОНЕРИ И РАНЛИВИ КАТЕГОРИИ ГРАГАНИ и социјални случаеви на сите линии село -град Охрид и обратно со 100 % БЕСПЛАТЕН ПРЕВОЗ

2.За жителите од Лубаништа, Трпејца.Куратица,Свинјишта,Завој и Опеница до Охрид и обратно субвенција во износ од 70 % од месечен билет

3.За жителите од Пештани ,Елшани ,Конско , Шипокно. , Ливоишта ,Вапила,Косел ,Горно и Долно Лакочереј до Охрид и обратно субвенција во износ од 50 % од месечен билет .
Субвенционирањет на сите здруженија на грагани( фолклорни друштва и др),спортски екипни и поединечни клубови ( фудбал, ракомет ,кошарка, боречки клубови и сл.)кои се регистрирани во Охрид предлагаме користење на 100 % субвенциониран превоз низ територија на Македонија а кој превоз ке го вршат сите регистрирани превозници за јавен превоз од Охрид по редоследен и правичен распоред со цел рамномерна подршка на бизнис секторот во Охрид како и спречување на досегашната пракса на Злоупотеба на Јавниот превоз за лично богатење на поединци од бизнисот и општинската администрација со издавање на фиктивни фактури и нивна наплата од Буџет на Општина Охрид од што се оштетени граганите ,за што ќе бараме отворање постапка пред Јавно обвинителство Охрид.

Close