Се распадна само за 4 години – санирана распаднатата фонтана кај „Мини Маркет“

Фонтаната на плоштадот кај Музичкото училиште која најверојатно заради слабиот квалитет на градба се распаѓа по само четири години од како изградена , но често е и мета на вандалско однесување, деновиве е санирана и премачкана со специјална боја која понира во бетонот за да се спречи натамошното течење на водата и распаѓање на фонтаната.

„ Фонтаната е санирана. Керамичките плочки кои требеше да издржат 10 години веќе беа распаднати. Нашата екипа ја санира оваа фонтана. Се префарба со специјална боја за бетон за да не се лушти. Керамичките плочки кои беа поставени издржаа едвај една година. Гранитните плочки кои се поставени на плоштадот не издржаа воопшто и тие се распаднаа. Дел од плочките се вадени од млади лица кои тука возат скејтборд и правеле скокални со плочките. И тоа го саниравме. “ – вели Ванчо Костоски, директор на ЈП Градски Гробишта, фирмата која ја изврши санацијата на фонтаната.

Костоски вели дека шпекулациите и коментарите во поедини медиуми блиски до ВМРО ДПМНЕ треба да престанат бидејќи фонтаната која се распаѓа градена е токму кога оваа партија владееше со Охрид.

Close